Доколку вашето дете е родено во овој хороскопски знак, големи се шансите да стане популарно
Во текот на години, неколку истражувања потврдиле дека годишното време во кое е родено детето влијае на неговиот развој. Кршливоста на коските, психичките болести, па и интелигенцијата можат да зависат, на пример, од сонцето и витаминот Д.
На развојот на децата влијае и количината на сонце која ја впиваат додека се во стомакот на мајката, достапна преку свежите намирници со кои се храни трудницата.
Доколку очекувате принова овие денови, големи се шансите вашето дете да порасне во доктор или некој успешен бизнисмен. Тоа е заклучок на британскиот Национален завод за статистика. Ако детето се роди кон крајот на јануари, статистички е поголема веројатноста да стане популарно. Според студијата објавена во Journal of Social Sciences, многу познати личности од различни подрачја во хороскоп се водолии.
-Тоа се мали ефекти, но многу јасни. Не зборувам за астрологија, тоа е смешно, но луѓето не се имуи на влијанието на различните годишни времиња – вели Расел Фостер, невролог на Универзитетот Оксфорд.

Comments
Post a Comment