Албански криминалец од затвор: Супер ми е, ми фалат само проститутки

Албанец кој што отслужува казна во британски затвор користејќи мобилен телефон отворил профил на Инстаграм и објавува свои фотографии на социјалната мрежа.
Тој се фали дека таму ги има сите услови. Тристен Аслани (29) е член на албанска банда, а во британскиот затвор отслужува казна затвор од 42 години поради дрога и оружје.
На својот Инстаграм профил покрај фотографиите тој пишува дека во затворот ги има сите услови, а единствено што му недостига се проститутки.
– Дури и во затвор ги имам сите услови, ми недостигаат само ку**и, напиша тој.
Аслани е затворен откако по една полициска потера со својот автомобил се забил во продавница. Во неговиот автомобил биле пронајдени 21 килограм кокаин и полуавтоматско оружје.
Портпарол на затворот изјави дека однесувањето на Аслани е недозволиво и додаде дека ги избришале содржините од социјалните мрежи.
– Тие кои ги прекршуваат затворските правила ги очекуваат строги казни, вклучувајќи и дополнително време зад решетки, изјави тој додавајќи дека активно се обидуваат да спречат употреба на мобилни телефони во затворот и дека инвестирале околу 2 милиони фуни за блокирање на сигнал во затворите низ земјата.
извор:засе.мк

Comments

Popular posts from this blog

Виц на денот: 102 евра

ШОКАНТНО – БОМБА : Додека МВР со потерница го бара Нинџа за тепањето во собрание, тој се гушка со Сашо Мијалков во Арачиново!